Гранични премини
Утрово заврши дводневниот штрајк на грчките цариници
04.04.2024 10:25
Вчера и завчера во целосен прекин беше товарниот сообраќај на сите гранични премини, а повремено се пропуштаа патници на „Богородица“ и „Дојран“ ...

Утрово во 6 часот заврши дводневниот штрајк на грчките цариници и со тоа влегувањето во Грција преку трите премини „Богородица“-„Евзони“, „Дојран“-„Дојрани“ и „Меџитлија“-„Ники“ се одвива нормално.
Како што информираше началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев, сообраќајот и преминувањето на границата со јужниот сосед се одвива тековно.
Вчера и завчера во целосен прекин беше товарниот сообраќај на сите гранични премини, а повремено се пропуштаа патници на Богородица и Дојран.
