Приведено лице од Косово поради криумчарење
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава...

Вчера во 23.40 часот кај с. Страцин, кратовско, по претходно добиени сознанија дека врши криумчарење и по преземени мерки, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Р.Ш.(39) од Косово. При контрола во возилото „фолксваген пасат“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена поголема количина на разновидна акцизна стока за која не поседувал никаква документација, а ниту пак платил царински давачки.
Стоката и возилото биле одземени и предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
