Тајван
Продолжува потрагата по исчезнати во Тајван
04.04.2024 10:56
Околу 46 работници во хотел и натаму се водат за исчезнати. Во разорниот земјотрес животот го загубија најмалку девет луѓе ...

Тајванските спасувачи продолжуваат со потрагата по луѓе кои останаа заробени по земјотресот со јачина од 7,4 степени по Рихтер. Со хеликоптер се спасени шест рудари.
Околу 46 работници во хотел и натаму се водат за исчезнати. Во разорниот земјотрес животот го загубија најмалку девет луѓе, а над илјада се повредени. Околу 100 згради во Хуалиен се категоризирани како потенцијално опасни и мора да бидат урнати.
Јужна Кореја понуди помош за поддршка на спасувачките напори и реставрација.
