Украина
Битка со дронови додека Брисел бара решенија за Киев
04.04.2024 11:02
Загинати и повредени во најновиот руски напад со беспилотни летала во Харков-соопшти Украина. Над Белгород и Тула соборени неколку дрона – објави Москва.

Неколкумина загинати и повредени во најновиот руски напад со беспилотни летала во Харков-соопшти Украина. Над Белгород и Тула соборени неколку дрона – објави Москва.
Киев бара помош од сојузниците. Шефот на украинската дипломатија Кулеба од НАТО побара да ги пренесе сите системи патриот во Украина додека во Брисел на дводневниот самит се одлучува за форматот за идната помош за Киев.
САД го одложува гласањето за новиот пакет помош за неколку недели. Москва тврди дека нема намера да влегува во конфликт со Aлијансата и нејзините членки.
