Избори 2024: Посебни правила за јавниот сервис за медиумско известување
Согласно член 76-а, став два од Изборниот законик, информативните изданија во 17 и 19 часот и 30 минути ќе бидат поделени на третини. Ова значи дека 30 проценти од времетраењето на Дневникот ќе бидат резервирани за информирање за случувањата во земјава и во светот...

Од денеска, за јавниот сервис важат посебни правила за медиумско известување. Согласно член 76-а, став два од Изборниот законик, информативните изданија во 17 и 19 часот и 30 минути ќе бидат поделени на третини. Ова значи дека 30 проценти од времетраењето на Дневникот ќе бидат резервирани за информирање за случувањата во земјава и во светот.
Во 30 проценти од времето ќе се известува за активностите на кандидатите за претседател од редовите на власта, Стево Пендаровски и Бујар Османи.
Во 30 од времето, Македонската телевизија ќе известува за активностите на кандидатите за претседател, кои доаѓаат од партиите од редовите на опозицијата: Гордана Силјановска-Давкова, Арбен Таравари, Билјана Ванковска – Цветковска и Стевчо Јакимовски.
Во 10 проценти од времето, ќе се информира за кандидатот чијашто партија не е застапена во Собранието, Максим Димитриевски.
