Комисијата за заразни болести ја следи состојбата со голема кашлица
Комисијата за спречување заразни болести ја следи состојбата со големата кашлица. По Скопје, епидемија на пертусис пријавена и во Куманово. Во ризик и Тетово...

Комисијата за спречување заразни болести ја следи состојбата со големата кашлица. По Скопје, епидемија на пертусис пријавена и во Куманово. Во ризик и Тетово.
Според последните податоци, во земјава досега се регистрирани над 300 случаи. Најголемиот дел од нив, или 86 проценти се во скопскиот регион, во 15 различни општини. Следува Куманово, а растат бројките и во Тетово, што исто така ги загрижува лекарите и не се исклучува прогласување епидемија и во градот под Шара.
Заболените се на возраст од 1 месец до 78 години, а медијаната изнесува 12 години. Најголем дел од заболените се меѓу 10 и 14 години, а една четвртина од болните се деца на возраст до 4 години.
