Демири: Потпишан двогодишниот договор за соработка со СЗО
Демири потенцираше дека СЗО е постојан партнер на Министерството во заложбите за унапредување на капацитетите на нашиот здравствен систем.
Министерството за здравство, Илир Демири, заедно со Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа денеска го потпишаа двогодишниот договор за соработка меѓу Министерството за здравство и Светската здравствена организација за периодот 2024 – 2025 година.
Демири потенцираше дека СЗО е постојан партнер на Министерството во заложбите за унапредување на капацитетите на нашиот здравствен систем.
„Показател за нашата континуирана и успешна соработка се бројните проекти реализирани со поддршка на СЗО во јавните здравствени установи низ државата. Во оваа прилика би сакал да изразам искрена благодарност до регионалниот директор на СЗО, д-р Ханс Клуге, за континуираната поддршка во насока на зајакнување на здравствениот систем во Северна Македонија, како и за постојаната поддршка од канцеларијата на СЗО во Скопје во спроведување бројни активности“, рече министерот Демири.
Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, честитајќи му на министерот за одличната соработка досега, изрази решеност за за продолжување на соработката и во иднина.
„Презедовме низа активности за да ги зајакнеме управувачките функции на Министерството за здравство. Многу сум горд на тие активности, бидејќи се од заеднички интерес. Ви се заблагодарувам за поддршката при успешното спроведување на здравствените политики на одржлив начин, Северна Македонија е пример за целиот регион на Западен Балкан“, нагласи Клуге.
Потпишувајќи го двогодишниот договор за соработка, министерот Демири и регионалниот директор Клуге, се заблагодарија за успешната работа и на колегите од СЗО во Скопје, предводени од д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО за Северна Македонија.
