Избори 2024

Народниот правобранител отвори бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право

04.04.2024 12:00

Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или на снимената телефонска порака.

Во канцеларијата на Народниот правобранител, од денес кога почнува изборната кампања, па сѐ до 8-ми мај кога ќе се одржи вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Сите непрaвилности граѓаните ќе можат да ги пријават во текот на предизборниот период како и на денот/ деновите на гласањето, 24.04.2024 и 08.05.2024 година.

Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или на снимената телефонска порака.

Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи вклучени во изборниот процес и од другите институции кои се должни да им обезбедат заштита и остварување на загарантираните права на граѓаните, стои во соопштението.