Избори 2024
Почна кампањата за претседателските избори
04.04.2024 13:15
Tргнаа изборните карвани. И официјално почна кампањата за претседателските избори. Седуммина претенденти се во трка за шеф на државата…

И официјално почна кампањата за претседателските избори, закажани за 24-ти април. Ќе трае до 22-ри месецов, кога на сила стапува молкот пред првиот круг од гласањето, иако во меѓувреме ќе почне кампањата за парламентарните избори. Во трка за фотелјата во „Вила Водно“ се седуммина. Известува Марина Стојанова-Тонева.
