Здравство
Во Куманово засилен епидемиолошки надзор поради голема кашлица
04.04.2024 13:28
Се следат препораките на Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје...

По пријавување на епидемија на голема кашлица во Куманово, градот е ставен под засилен епидемиолошки надзор. Се следат препораките на Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје. Денеска е регистриран и еден новозаболен, но од соседната општина Кратово. На оваа тема од Куманово известува Елена Георгиевска.
