Избори 2024

Османи вечерва ќе отвори штаб во Липково, утре продолжува на средби со граѓани

04.04.2024 14:02

Утре Османи ќе има средби со граѓани во Батинци, Моране, Количани. В недела предизборниот карван продолжува во Тетовско. Изборната програма ќе ја претстави пред жители на Теарце, Јегуновце и Радуша.

Бујар Османи, кандидатот за претседател на Демократската унија за интеграција и „Европски фронт“ – коалицијата од девет партии, вечерва во 22 часот ќе отвори штаб во Липково. Утре Османи ќе има средби со граѓани во Батинци, Моране, Количани.

В недела предизборниот карван продолжува во Тетовско. Изборната програма ќе ја претстави пред жители на Теарце, Јегуновце и Радуша.

В понеделник, на четвртиот ден од кампањата, претседателскиот кандидат на ДУИ ќе има средби со граѓани во Општина Бутел. Планирано е средбите со граѓани да започнуваат од 13 часот и 30 минути, а секој ден кандидатот за претседател Бујар Османи ќе има и прес конференции, најавуваат од неговиот штаб.

Кампањата ќе ја води под слоганот „Искуство, чесност, посветеност“.