Пендаровски ја почнува кампањата со митинг во Прилеп
Претходно ќе ги посети општините Кривогаштани во 17:30 часот и Крушево во 18:30 часот. Утре Пендаровски ќе биде во Карбинци и Пробиштип, а централен митинг ќе има во Штип со почеток во 20:00 часот.

Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата За европска иднина, изборната кампања ја почнува со централен митинг во Прилеп со почеток во 20:00 часот. Претходно ќе ги посети општините Кривогаштани во 17:30 часот и Крушево во 18:30 часот. Утре Пендаровски ќе биде во Карбинци и Пробиштип, а централен митинг ќе има во Штип со почеток во 20:00 часот.
Во сабота Пендаровски ќе биде со граѓаните на Македонски Брод, а централниот митинг ќе го одржи во Кичево. Во недела караванот на Пендаровски ќе биде меѓу граѓаните на Дебрца, Вевчани, Струга, а централниот настан ќе биде во Охрид од 20:00 часот.
Во понеделник, кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата За европска иднина, ќе одржи митинзи во скопските општини Кисела Вода и Аеродром.
