Ново глобално жариште на Блискиот исток!

19.06.2014 13:21

Ситуацијата е толку сериозна, што американскиот претседател Обама им порача на конгресмените – со нив или без нив, не му треба одобрение за каква било акција во Ирак...

Исламска држава Ирак и Левант, побрутална и подиректна од Ал Каеда, е на прагот да отвори ново глобално жариште на Блискиот исток. Борби се водат околу најголемата ирачка рафинерија Баиџи. Спротивставени се извештаите дали е веќе освоена. Ирачките сили тврдат дека ја контролираат, но на зградите се вее црното знаме на џихадистите. Ситуацијата е толку сериозна, што американскиот претседател Обама им порача на конгресмените – со нив или без нив, не му треба одобрение за каква било акција во Ирак. По барањето на официјален Багдад САД да извршат воздушни напади врз силите на џихадистите, Белата куќа веќе не ги избегнува незгодните прашања.

„Многу работи се во прашање, за нас, за регионот, за последиците. Разгледуваме повеќе опции за да му ги понудиме на претседателот“, изјави Чак Хејгел, секретар за одбрана на САД.

Според експертите, Обама освен овластувањата како врховен командант, има опција и да побара Одобрување на употреба на воена сила против Ал Каеда и нејзините соработници, мерка која доведе до инвазијата на Ирак. Во исчекување на американската одлука, земјата се вооружува населението, вклучувајќи ги и децата.

„Се пријавив во ирачката армија за да им ги здробам главите на џихадистите и на нивните сојузници. Јас сум Курд од Сулејманија, живеам овде и дојдов како доброволец“, вели Мохамед Хасан Абдула, доброволец.

Сепак, одлуката за воена поддршка од политичките промени во Ирак, а очигледни се фрустрациите од монополот на ирачката власт и неисполнувањето на обврската да формира влада на единство меѓу Сунитите, Курдите и Шиитите.

 

Ивана Салтировска