Вкупно осум години затвор пресуди Кривичен за грабнувачите на Самоил Костадиновски
Вкупно осум години казна затвор – пресуда на Кривичниот суд за грабнувачите на Самоил Костадиновски. Делото го извршиле за да го принудат да плати за украдена дрога...

За грабнувањето на Самоил Костадиновски, Виктор Милановски доби 5 години и десет месеци казна затвор, додека за помагање Саша Челичиќ, доби две години и три месеци затвор. До правосилноста на пресудата Виктор останува во затворски притвор, Саша ќе се брани од слобода.
Обвинителот бараше затворски притвор за двајцата обвинети. На 3-ти март првообвинетиот, заедно со лице кое е во бегство и со други непознати го грабнале Самоил, со закана дека ќе го убијат доколку не плати за претходно украдената дрога до четири килограми. Се бара соучесникот на грабнувањето.
Костадиновски повеќе од година дена се води за исчезнат.
Наташа Јанчиќ-Менковски
