Јакимовски изборната кампања ја започна од Тетово
Претседателскиот кандидат од ГРОМ, Стевчо Јакимовски изборната кампања ја започна од Тетово, каде со неговиот коалициски партнер за парламентарните избори Самка Ибраимовски од партијата ПЦЕР, оствари средба со жителите од тетовската населба Поток...
Најголемиот проблем е во државата е иселувањето, но сега младите не заминуваат од своите родни огништа поради социјални проблеми, туку поради неправдите во државата, посочи Јакимовски пред граѓаните.
„Поразговаравме за нивните секојдневни проблеми, најголем проблем е што нивните деца се селат надвор од државата, а тоа е така оти државата не е средена, не е толку сиромаштијата колку лошиот правен систем. Тоа е една уште голема потврда дека имаме една сериозна причина да разговараме како ќе ја развиваме државата“, рече Јакимовски.
Тој кажа дека претседателските кандидати бегаат од дебати. Тоа е голем срам за демократијата. Народот мора да ги слушне нивните ставови околу суштинските прашања за државата. За локални избори имаше дебати, а за важни прашања за претседателски избори каде ќе се разговара за генералштаб, за монетарна политика, за безбедност, да нема за тоа дебати, ова е срам.
Како кандидат се чувствувам дискриминиран оти некои други зеле 9 пати повеќе пари од ДИК, за платено политичко рекламирање, дополни Јакимовски.
Јакимовски својата изборна кампања утре ја продолжува во Гостивар и Кичево.
Зоран Димовски
