Избори 2024

Таравари ја претстави изборната платформа

04.04.2024 15:14

Нашиот внатрешен непријател кој нè држи во заложништво како држава и ја оддалечува младината е корумпираниот политички и судски систем, вели кандидатот за претседател Арбен Таравари. Ја претстави платформата која се заснова на четири столба. Главни приоритети – олеснувањето на темелните реформи во правосудството, одржливиот развој, интеграција во Европската унија…

Северна Македонија повеќе од кога било има потреба да биде водена од луѓе со морален кредибилитет и јасна визија за промена. Мојата обединувачка платформа ја претставува мојата визија за навигација во овие турбулентни времиња, во кои претседателот на државата треба да биде проактивен актер во справувањето со познати и непознати предизвици, изјави претседателскиот кандидат на коалицијата „Вреди“, Арбер Таравари во своето прво изборно обраќање.

„Оваа платформа се заснова на четири столба кои ги содржат и моите конкретни заложбии тоа: Македонија интегрирана во регионот и во Европа; Производител на безбедност; Правна држава и Македонија консензуална демократија“нагласи Таравари.

Таравари истакна дека како претседател ќе бара високиот претставник за надворешна политика на ЕУ да нема дополнителни барања од преговарачката рамка, дека ќе го даде мандатот за формирање Влада на коалицијата што ќе даде рок до кој земјава ќе почне преговори со ЕУ, претседателот да се избира со двојно мнозинство во Собранието, да се елиминира 20 проценти за употреба на албанскиот јазик, обезбедување повеќегодишен буџет за одбраната, крај на енергетската зависност од Русија и работна група за кибербезбедност.

Ирина Гелевска