Избори 2024

Димитриевски од Крушево ја стартува кампањата

04.04.2024 16:38

Кандидатот од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, со неговата платформа „Манифест за Македонија“ ја бара поддршката и довербата од граѓаните на претстојните претседателски избори. Тој кампањата ја почна од пред споменикот „Македониум“ во Крушево…

Мојата програма се базира на пет стратешки начела и пет приоритети со кои ќе се зафатам во првите 200 дена, рече од Крушево, Максим Димитриевски, кандидатот за претседател на движењето ЗНАМ.

Единствени во надворешната политика, обединување на политичките субјекти за клучните цели на државата, поцврсти во одбраната и безбедноста, и, силни институции за заштита на граѓанинот, се начелата од кои ќе се раководам. Приоритети се: формирање специјален експертски ЕУ тим, правен тим за спроведување на меѓународното право како и национална стратегија за борба против политичката корупција, рече Димитриевски пред Македониумот во Крушево.

Програмата на Димитриевски е со работен наслов „Манифест за Македонија“ со слоганот „Максимум за Македонија“.

 

Елизабета Митреска