Гордана Силјановска - Давкова ветува фер и демократска кампања
Коалицијата „Твоја Македонија“ ја почнува кампањата за претседателските избори со митинг пред Владата во Скопје. Собирот е од 20 часот. На него ќе се обратат кандидатката Силјановска - Давкова и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски...

Македонија повторно горда! Со овој слоган, кандидатката за шеф на државата Гордана Силјановска-Давкова ја бара поддршката од граѓаните. Ветува фер и демократска кампања, со почит кон противкандидатите. Силјановска–Давкова вели дека во изборната кампања, пред граѓаните ќе дискутрира за програмата, реформит, промените.
Таа смета дека неставањето потпис на еден од кандидатите на кодексот за фер избори, остава дамка на кампањата.
Главни адути во програмата на Силјановска –Давкова се измени во Изборниот законик, во делот на избор на претседател на државата, отворање народни канцеларии, почесто обраќање во законодавниот дом, но и назначување стручни кадри од доменот на надлежностите на шефот на државата и назначување дипломати од кариера.
Карванот на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ стартува од Скопје.
Наташа Гркова - Петрушевска
