Србија

Уапсени осомничените за убиството на малата Данка

04.04.2024 16:51

Малата Данка Илиќ, по која изминативе 10 дена трагаше цела Србија, е мртва. Уапсени се двајца осомничени, кои го прегазиле детето со автомобил, а телото потоа го сокриле на дива депонија. Тие го признале делото...

Министерот на полицијата Братислав Гашиќ на прес-конференција потврди дека се приведени двајца работници на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор на возраст од педесет години, од околината на Бор. Тие со автомобил „Фиат пунто“ го усмртиле девојчето, по што го фрлиле во депонија кај Бор.

„Девојчето го удрија на 30 метри од местото на исчезнување. Возел Д. Д кој го удрил, а С. Ј го ставил девојчето кое било без свест, во багажникот. На пат кон депонијата го сретнале таткото на девојчето, лажејќи го дека не го виделе детето. Потоа го фрлил детето во депонија, додека вториот осомничен чувал стража“, информираше Братислав Гашиќ, министер за внатрешни работи на Република Србија.

Полицијата сè уште трага по телото на девојчето.

 

Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ