На Аљаска пронајдени остатоци од 17 тела од авионска несреќа од 1952-ра
19.06.2014 13:25
Остатоци од 17 американски војници загинати во авионска несреќа на Аљаска во 1952 година, се пронајдени по 60-тина години од паѓањето на авионот. Се трага уште по 35 тела на местото на несреќата.
Воениот авион Ц-124 Глоубмастер се урнал на 22 ноември 1952 г. веднаш по полетувањето од базата Елмендорф на Аљаска за државата Вашингтон. Имало 41 патник и 11 членови на посадата. Лошите временски услови ја спречиле потрагата

по загинатите, но и по два месеци потоа, екипите не успеле да го локализираат местото на несреќата.
Во јуни 2012 хеликоптер на Националната гарда на Аљаска забележал остатоци од авион, за кој подоцна, по потрагата, е утврдено дека се урнал во 1952.