Финска

Финска ја продолжи одлуката затворање на граничните премини со Русија

04.04.2024 20:05

На крајот на годината Финска ги затвори копнените граници со Русија поради зголемениот прилив на мигранти...

Финската влада ќе го продолжи затворањето на граничните премини со Русија до понатамошно известување, а на својата листа додаде и неколку пристаништа каде патувањето ќе биде забрането.

На крајот на годината Финска ги затвори копнените граници со Русија поради зголемениот прилив на мигранти, особено од Сирија и Сомалија, ја обвини Москва дека ја користи миграцијата како средство за притисок врз земјата, што Кремљ го негира.

Во февруари владата објави дека границите ќе останат затворени до 14 април.