Избори 2024

Кандидатите за претседател продолжуваат со кампања

05.04.2024 08:13

Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ и коалицијата ќе биде во источниот дел, во Карбинци и во Пробиштип, а митинг ќе има во Штип. Стевчо Јакимовски од ГРОМ на средба со гостиварци...

На вториот ден од предизборната кампања, кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, својата програма ќе ја претстави пред жителите на Вевчани, Струга и на Ресен. Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ и коалицијата ќе биде во источниот дел, во Карбинци и во Пробиштип, а митинг ќе има во Штип.

Стевчо Јакимовски од ГРОМ на средба со гостиварци. Бујар Османи од ДУИ ќе оствари средби со граѓани во Батинци, Моране и во Количани, а Максим Димитриевски од движењето „ЗНАМ“ во Берово, Делчево, Виница и во Кочани.