Србија

Полицијата сè уште трага по телото на Данка

05.04.2024 08:19

Жителите му оддаваат почит на двегодишното девојче. Српскиот министер за внатрешни Гашиќ, изјави дека е нејзиното тело е преместено на друга локација...

Полицијата сè уште трага по телото на малата Данка, која била убиена. Тага и неверување во Бор. Жителите му оддаваат почит на двегодишното девојче. Српскиот министер за внатрешни Гашиќ, изјави дека е нејзиното тело е преместено на друга локација

Еден од осомничените на 28-ми март се вратил на депонијата каде што ја фрлиле Данка откако ја удриле со автомобилот, и го преместил телото за да не им влезат во трага. Службеното возило на водовод „фиат панда“ бил клучниот траг во истрагата.

Двајцата мажи на 50 години ја признаа вината. Како настанала смртта на девојчето ќе се знае по обдукцијата.