Газа

Повторно заострена реторика меѓу САД-Израел

05.04.2024 08:24

Нетанјаху предупреди дека доколку Израел не победи во војната со Хамас, тоа би имало огромни импликации врз САД...

Идната поддршка на САД за Израел ќе зависи од заштитата на цивилите и хуманитарците-соопшти Белата куќа по нападот во кој загинаа хуманитарните работници кои делеа помош во Газа. Нетанјаху предупреди дека доколку Израел не победи во војната со Хамас, тоа би имало огромни импликации врз САД.

Израелскиот воен портпарол најави дека наскоро јавно и транспарентно ќе ги објави деталите од спроведената истрага за случајот. Организациите бараат независна истрага. Додека борбите во енклавата продолжуваат, преговорите остануваат во ќорсокак-изјави Хамас.

По два дена, СЗО продолжи со испостава на лекови и помош во Газа.