Украина
Русите притискаат, во Брисел се бара помош
05.04.2024 08:32
Во Брисел побарана поголема помош за Киев додека првите линии на војската на фронтот се обидуваат на секој начин да го успорат непријателот...

Русија повторно ги интензивира нападите врз украинскиот електроенергетски систем. Последните удари врз Харков оставија голем дел од градот без струја. Во Брисел побарана поголема помош за Киев додека првите линии на војската на фронтот се обидуваат на секој начин да го успорат непријателот.
Единствен начин да се обезбеди праведен и долгорочен мир е постоење силна украинска армија-изјави првиот човек на НАТО Столтенберг. Шефот на украинската дипломатија Кулеба изјави дека уморен да го убедува западот дека мора да донесе силни и конкретни одлуки во борбата против Путин.
