Тајван
Почна уривањето на оштетените згради во Тајван
05.04.2024 08:36
Потрагата по преживеани продолжува додека автершоковите и натаму се чувствуваат...

Во Хуалиен започна уривањето на зградите оштетени од земјотресот во Тајван. Потрагата по преживеани продолжува додека автершоковите и натаму се чувствуваат. Спасувачите потврдија дека околу 400 луѓе заглавени во луксузен хотел во националниот парк Тароко Горџ се безбедни, а хеликоптери доставуваат материјали и ги евакуираат повредените.
Пронајдени се голем број луѓе што се водеа за исчезнати, се трага по уште 18-мина. Во земјотресот загинаа најмалку 9 луѓе.
