Светски ден на здравјето

Светски ден на здравјето под мотото „Мое здравје, мое право“

05.04.2024 08:40

Македонското лекарско друштво (МЛД) и Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје денеска организираат свеченост по повод Светскиот ден на здравјето – 7 Април, што се одбележува под мотото „Мое здравје, мое право“.

На свеченоста најавени се обраќања на претседателот на МЛД д-р Горан Димитров, министерот за здравство Илир Демири и на специјалната претставничка на СЗО за Северна Македонија д-р Ане Јохансоен.

Реферат по повод Светскиот ден на здравјето „Мое здравје мое право“ ќе прочита проф. д-р Катерина Ставриќ од Центарот за семејна медицина, Медицински факултет Скопје.

Фото:/ МЛД