Голема кашлица

Нема нови мерки против пертусис

05.04.2024 09:04

Комисијата за заразни болести не препорача нови мерки за спречување на заразата со голема кашлица ...

Комисијата за заразни болести не препорача нови мерки за спречување на заразата со голема кашлица.

Ситуацијата во Скопје полека се стабилизира, додека во другите градови, како што беше и очекувано, се зголемува бројот на заболени со пертусис, вели професор Петличковски. Според последните податоци, во земјава досега се регистрирани над 300 случаи.

Најголемиот дел од нив, или 86 проценти се во скопскиот регион, во 15 различни општини. Заболените се на возраст од 1 месец до 78 години.

Дел од граѓаните реагираат дека нема реагенси во Институтот за јавно здравје за проверка на пертусис, но директорот Шабан Мемети демантира-вели дека има доволен број.