Регион

Во Косово денеска почнува пописот на населението

05.04.2024 09:39

Во Косово денеска започнува пописот на населението, домаќинствата и становите/куќите, вклучително и на северот на земјата, населен со мнозинско српско население, кој ќе трае до 17-ти мај...

Во Косово денеска започнува пописот на населението, домаќинствата и становите/куќите, вклучително и на северот на земјата, населен со мнозинско српско население, кој ќе трае до 17-ти мај.

Во пописот ќе бидат ангажирани околу 3.500 попишувачи и 891 набљудувач, како и персоналот на Агенцијата за статистика на Косово.

Собирањето на овие податоци Агенцијата за статистика на Косово го оправдува со важноста за градење подобри политики за државата, планирање на буџетот и инвестициите, подобрување на условите за живот во земјата и за странски инвестиции.