Мбапе потпишал договор со Реал на почетокот на февруари
05.04.2024 09:42
Мбапе одбил бонус од 80 милиони евра за верност од ПСЖ за да премине во Реал Мадрид.

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе потпишал договор со Реал Мадрид во првата недела од февруари 2024 година, пренесува „Марка“. Договорот е на пет години.
Мбапе одбил бонус од 80 милиони евра за верност од ПСЖ за да премине во Реал Мадрид. Тој изјави и дека својата иднина ќе ја соопшти пред почетокот на Европското првенство во 2024 година.
Во оваа сезона Мбапе одигра 39 натпревари на кои постигна 39 голови и 8 асистенции.
