ЦУК

ЦУК: Во изминатото деноноќие имало 21 пожар на отворено, четири сè уште се активни

05.04.2024 10:00

Последното деноноќие имало 21 пожар на отворено, утрово четири пожари сè уште се евидентирани како активни, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Последното деноноќие имало 21 пожар на отворено, утрово четири пожари сè уште се евидентирани како активни, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во соопштението се апелира да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали, како и да не се фрлаат отпадоци во нив.

Изминатото деноноќие имало вкупно 2.150 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112, „реални“ – 54,19 проценти, а 45,81 отсто за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 66,57 отсто, кон Итната медицинска помош 21,90 проценти, а кон пожарникарите 9,80 отсто од реалните повици.