Невреме и во Струга
За кратко време над градот надвиснаа темни облаци од кои истураше дожд...

Изутрината Струга десетина минути беше парализирана од силниот дожд проследен со ветер и со чести електрични празнења. За кратко време над градот надвиснаа темни облаци од кои истураше дожд. Брзо потоа дождот и ветрот престанаа и се појави сонцето кое се уште е над струшкото небо.
Вчера попладне пак, и Охрид и Струмица ги зафати силно краткотрајно невреме со поројни дождови и силен ветер. Во Охрид паѓаше град со големина на орев, но досега а никој не пријавил штети. Во Струмица за десетина минути, колку што траеше невремето, се наполнија улиците во долниот дел на градот ,поради тесната канализациона мрежа која не можеше брзо да ја апсорбира водата. Но, и во овој град досега не се пријавени никакви оштетувања на објектите.
Денеска и во двата града е сончево.
