Македонија

СОНК: По изборите да се зголемат платите во образованието

05.04.2024 12:18

СОНК по изборите ќе бара усогласување на платите по последното зголемување на минималецот, односно покачување на платите во основното и средното образование. Воедно ќе започнат сериозни преговори за новите коефициенти на сложеност на работните места…

Прво и основно барање на СОНК по формирањето на новата влада ќе биде продолжување на преговорите за усогласување на платите согласно последното зголемување на минималната плата во основното и средното образование. Оттаму очекуваат вработените во оваа дејност со септемвриската плата да добијат зголемување за 12,15 проценти.

„Дополнителнореков ќе продолжат преговорите за склучување на колективни договори за основно и средно образованиеТоа што бевме на прагот за потпишувањемеѓутоа од некои неоправдани причини колективните договори не се потпишаа“, изјави Јаким Неделков- претседател на СОНК.

Од СОНК најавуваат дека ќе продолжат и преговорите за утврдување на новите коефициенти на сложеност на работните места.

„Најдоцна до декември 2024-та година треба да се утврдат новите коефициенти на сложеност по работно местокоишто ќе бидат во примена од март 2025-та година со новата методологија за исплата на плати“, додава Неделков.

Неделков најави и сериозни разговори за надминување на проблемите кои ги има во областа на детската заштита и градинките.

Сашо Нелоски