Во Србија и понатаму трае потрагата по телото на двегодишната Данка Илиќ
Во Србија и понатаму трае потрага по телото на двегодишната Данка Илиќ. Паралелно има дебата за „колективната траума“ предизвикана од сензационалистичко известување …

И додека во Србија сè уште трае потрагата по телото на убиената двегодишна Данка Илиќ, а граѓаните палат свеќи за спокој на душата на девојчето, паралелно се води дебата за колективната траума од информирањето на таблоидите, порталите, социјалните мрежи и јавноста во Србија за овој случај.
Ова беше тежок ден за сите кои се занимаваат со ментално здравје, и кај сите што ги следеа вестите за Данка Илиќ е нарушена психолошката рамнотежа, изјави психологот Бранислава Стевиќ, додавајќи дека дополнителна отежнувачка околност беа огромниот број сензационалистички вести, кои значително го нарушија психолошкиот баланс на луѓето.
Напливот на сензационалистичките вести беше повод за реакција на министерот за информации и телекомуникации на Србија, Михаило Јовановиќ кој ги повика сите медиумски куќи и новинари да се однесуваат со најголема одговорност, почит и внимание при известувањето за убиството на двегодишното девојче во Бор и да се воздржат од сензационалистички пристап кој може дополнително да ја вознемири јавноста и да ја наруши приватноста на семејството на жртвата.
И Советот за печат ги повика сите новинари и уредници веднаш да престанат со скандалозното, сензационалистичко, вознемирувачко и срамно известување за смртта на девојчето.
Нова.рс излезе со наслов „Зошто сакавме да ја обвиниме мајката: Случајот на малата Данка и нашите чудовишта“ во кој пишува да „калта од медиумите во кои се валкаме, па и убијците на Данка, се само огледало на нашето општество.
Оливер Бранковиќ
