Избори 2024

Силјановска- Давкова: Мора да ги почитуваме темелните вредности на уставниот поредок

05.04.2024 14:04

За да биде Македонија повторно горда мора ги почитуваме темелните вредности на уставниот поредок кои се и европски вредности, истакна на митингот пред Владата кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова...

За да биде Македонија повторно горда мора ги почитуваме темелните вредности на уставниот поредок кои се и европски вредности, истакна на митингот пред Владата кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова. Ако ја добие довербата, ветува отворање на народни канцеларии за да ги слушне проблемите на граѓаните, но и советите кои може да ги дадат.

Во однос на надворешната политика, Силјановска-Давкова вели дека надвор нема да оди без изграден консензус за најважните национални прашања. Ветува соработка со владата и пратениците, но додава дека ќе има сопствено мислење и критики кон оние кои нема да го почитуваат Уставот и законите.

Во Судскиот совет, како што рече – нејзин предлог ќе бидат најдобрите правници, а во Советот за безбедност ќе именува врвни познавачи на прашањата од сферата на безбедноста.

 

Анита Димитријевска – Велковска