Македонија

Синдикатите со поплаки, има притисок врз работници за присуство на митинзи

05.04.2024 12:49

Конфедерацијата на синдикалните организации сигнализира, има поплаки од работниците дека им се врши притисок да одат на митинзи…

Од Конфедерацијата на синдикалните организации велат дека сега во предизборната кампања до нив стигнуваат поплаки од работници за притисок да одат на митинзи. Апелираат да не се врши притисок на работниците.

Од друга страна, велат и дека од новата влада имаат очекување да ги слушне проблемите на работниците. Едно од барањата до новиот состав на владата ќе биде да се донесе Законот за работни односи.

Синдикатот СПАЈС се приклучи кон Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија. Работниците велат дека се надеваат ќе се решат проблемите со кои се соочуваат.

Од КСОМ со апел до сите работници да им се приклучат. Според нив доаѓа период кога работниците треба да ги бараат своите права и да се спротивстават на Стопанската комора.

Ана Јосифоска-Тодоровска