МНР: Повредените македонски туристи во сообраќајната несреќа во Италија се во добра состојба
Повредените во сообраќајната несреќа во Италија се во добра состојба и со лесни повреди, и 11 мина се пуштени од болница информираат од МНР. Во тек е истрагата околу причините за судирот на автобус со македонски туристи со два камиони на автопатот меѓу Асколи Пичено и Анкона во која загина возачот.

Сите патници се во добра здравствена состојба и се на домашно лекување, освен еден патник кој е во потешка здравствена состојба е последната информација од МНР, за сообраќајката во Италија.
„По соодветна лекарска помош за добиените лесни повреди во болница во градот Сан Бенедето дел Тронто 11 патници, државјани на Северна Македонија во текот на вчерашниот ден беа пуштени дома во добра здравствена состојба. Додека 12-тиот патник, наш државјанин се наоѓа во болница во Анкона, каде што во текот на денешниот ден ќе има хируршка интервенција за добиените повреди во нога и рака.
Во последните години се случија неколку сообраќајни несреќи со смртни последици на автопатот Купра-Маритима. Според претседателот и директорот на територијалното здружение Емилијано Томасини и Андреа Каранфа, повторно автопатот во јужниот дел на Марке е сцена на смрт, страдање, очај и страв.
„Изградбата на третата лента, трошоците во однос на човечките животи се непроценливи и оваа област повеќе не може да си го дозволи тоа“, додаваат Томасини и Каранфа.
Во оваа која се случи во тунелот при судир со два камиони загина возачот на македонски автобус загина, а 11 лица се повредени од кои двајца потешко. Според италијанските медиуми во несреќата на а14 во Гротамаре во верижен судир кој се случил околу 10 часот автобусот се судрил со два камиони на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона. По судирот, едниот од камионите пренесувал алкохол и се запалил во тунелот. А причините сè уште се утврдуваат.
Фиљана Кока
