Ванковска најави враќање на достоинството во интерес на работничката класа
Левица го претстави својот кандидат за претседател во Струмица. Билјана Ванковска најави враќање на достоинството во државата во интерес на работничката класа...

Ни ја одзедоа не само живејачката, туку и желбата за напредување, ни ја погазија честа и ни ги отселија најдрагите. Вака подвлече претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска која од Струмица ја најави борбата за враќање на достоинството во Македонија со програма која е креирана на принципите.
На митингот се обрати и лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев, кој истакна време е да се каже стоп на распарчувањето на државата која страда од самоуништувачки синдром.
Пред присутните во Струмица се обрати и Сашко Јанчев, кој ќе биде носител на листата во четвртата изборна единица, подвлекувајќи дека Левица ќе се бори против најголемата заканата за струмичко, а тоа е рудникот Иловица.
Ване Трајков
