Временска прогноза

За викендот температура до 30 степени

05.04.2024 13:34

Периодот на сончево, стабилно и суво време ќе продолжи и во наредните денови...

Периодот на сончево, стабилно и суво време ќе продолжи и во наредните денови со пораст на температурата којашто за време на викендот ќе достигне максимална вредност од 30 степени.

Денеска во Македонија преовладува сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе достигне до 27 степени.