Избори 2024

Пендаровски: Со влезот во ЕУ ќе ги заокружиме сите стратешки цели

05.04.2024 14:06

Претседателскиот кандидат Стево Пенадровски синоќа им се обрати на прилепчани барајќи ја повторно нивната поддршка. За Пендаровски, влезот во Европската унија е заокружување на стратешките цели, но смета дека опозицијата влече назад. Потребно е единство и заедничко решавање на проблемите...

Со влегувањето во Европката унија ќе ги заокружиме сите стратешки цели. Со минимум слога, заедно со опозицијата, многу лесно во следните четири до пет години ќе станеме членка на ЕУ, рече претседателскиот кандидат Стево Пендаровски обраќајќи им се на прилепчани.

Така полесно ќе се избориме со белата чума. Главната задача да ни биде- намалување на невработеноста, зголемување на инвестициите и да направиме просечни плати од 1.100 евра. Ама, ако не се глодаме меѓу себе. Овој концепт што го зборувам 10-тина години е единствениот и исправен пат за Македонија, рече Пендаровски.

Пендаровски очекува масовна мобилизација на 24-ти април што ќе го одреди резулатот и на 8-ми мај.

 

Елизабета Митреска