Израел
Отпуштени офицери поради убиството на хуманитарците
05.04.2024 13:53
Израелската армија отпушти двајца високи офицери поради нападот во кој загинаа седуммина хуманитарци...

Израелската армија отпушти двајца високи офицери поради нападот во кој загинаа седуммина хуманитарци.
Тел Авив најави дека наскоро ќе го обелодени и извештајот од истрагата. Додека хуманитарната група бара независна истрага за случајот, Советот за човекови права на ООН го повика Израел на одговорност за можните злосторства против човештвото во Газа.
Претходно, Израел го засили протокот на помош во енклавата, откако Вашингтон се закани дека поддршката на САД во иднина ќе зависи од заштитата на цивилите и хуманитарците. Одлуката поздравена од Блинкен.
