Избори 2024

Османи: Нема Влада без јасен договор за уставни измени

05.04.2024 14:18

Членството во Европската унија е без алтернатива. Земјите од Западен Балкан не може да просперираат сами од своите капацитети и ресурси и затоа е потребно што побргу да се донесат уставните измени, смета кандидатот за претседател од Европскиот фронт предводен од ДУИ, Бујар Османи.

Пред неколку месеци партиите на Албанците во земјава потпишале документ со кој се обврзуваат дека нема да бидат дел од владата без јасен договор за уставни измени – посочи кандидатот за претседател од Европскиот фронт предводен од ДУИ, Бујар Османи. Доколку стане шеф на државата, рече дека прва работа што ќе ја направи ќе биде да ги свика лидерите на политичките партии на состанок, на кој нема да излезат додека не се постигне државен консензус.

Членството во Европската унија е без алтернатива. Земјите од Западен Балкан не може да просперираат сами од своите капацитети и ресурси и затоа е потребно што побргу да се донесат уставните измени и до 2028-та да се затворат сите поглавја – рече Османи.

Посочи дека идниот претседател треба да е сврзно ткиво на етничките и политичките наративи, компас на геостратешката ориентација и креатор на државниот консензус.

 

Миле Ристески