Избори 2024

Таравари: На 9-ти мај со Денот на Европа ќе имаме нова Влада

05.04.2024 14:52

Таравари истакна дека со уставните измени коалицијата ВРЕДИ мора да предвиди отстранување на 20 отсто за албанскиот јазик и избор на претседател во Собранието. Посочи претседателот во Македонија има исти овластувања како и претседателот во Косово, Албанија, Грција, Германија и секаде таму претседателот се избира во Парламентот.

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари од коалицијата ВРЕДИ, го отвори изборниот штаб во Дебар и пред граѓаните зборуваше за програмата.

„Еден од четирите столба на нашата претседателска програма е Уставот. Знаете дека Уставот на Македонија, кој беше изгласан во 1991 година, не беше изгласан од Албанците и никогаш не беше поддржан од Албанците. Покојниот Арбен Џафери рече, Уставот е генератор на политички кризи во Македонија и така беше, ова беше вистината сè додека не се случи конфликтот во 2001 година и овој Устав беше дополнет и изменет, но Охридскиот договор не е целосно имплементиран. Дури и до денес главниот столб од Охридскиот договор, фискална децентрализација, не се случи, остана само на хартија и никогаш не беше спроведен“, рече Таравари.

Таравари истакна дека со уставните измени коалицијата ВРЕДИ мора да предвиди отстранување на 20 отсто за албанскиот јазик и избор на претседател во Собранието. Посочи претседателот во Македонија има исти овластувања како и претседателот во Косово, Албанија, Грција, Германија и секаде таму претседателот се избира во Парламентот. Нашиот услов е претседателот да се избира во Собранието со 2/3 од гласовите и со Бандентер и ако не може во два наврати да се избере, третиот пат да се бира со просто мнозинство или 61 пратеник и со Бадентер, изјави Таравари.

Според Таравари, промената ќе се случи на 9 мај, еден ден по изборите Македонија ќе има нова Влада.

„Промената ќе се случи 100%, имаме дилеми само во разликата. Изет, Билал и Африм се многу пооптимисти од два спрема еден, а јас велам сигурно неколку пратеници повеќе, но тоа зависи и од нашата работа и посветеност, но знајте дека на 9-ти мај со Денот на Европа ќе имаме нова Влада“, рече Таравари.

 

Игор Панов