Одложен судскиот процес Груевски- Заев

19.06.2014 14:18

Поради обемниот доказен материјал судијата одлучи подготвителното рочиште да се оддржи на трети јули...

Се одложи судскиот процес во кој премиерот Никола Груевски го тужи лидерот на опозицијата Зоран Заев за клевета дека договарал мито од милион и пол евра од продажбата на Македонска банка.

Поради обемниот доказен материјал судијата одлучи подготвителното рочиште да се оддржи на трети јули.

Тимот за одбрана на Заев составен од шест адвокати, пак, побара судењето целосно да се прекине се до правосилност на евентуална пресуда донесена во кривична постапка за да се утврди дали е вистина дека Груевски земал мито од продажбата на банката. 

Заев на 22-ри април поднесе кривична пријава до јавното обвинителство во која приложи и аудио снимка.

Од обвинителството се уште нема одговор дали има истрага по овие тврдења на опозицијата. Груевски во парнична постапка бара отштета од 500 илјади евра за нарушен чест и углед.

 

Анита Димитријевска