Димитриевски ги претстави приоритетите од изборната кампања
Единствени во надворешната политика, обединување на политичките субјекти за клучните цели на државата, поцврсти во одбраната и безбедноста, и силни институции за заштита на граѓанинот, се начелата од кои ќе се раководам- посочи претендентот за шеф на државата на движењето ЗНАМ...

На пет стратешки начела и пет приоритети во првите 200 дена, на ова се базира изборната програма вели Максим Димитриевски – кандидатот за претседател. Единствени во надворешната политика, обединување на политичките субјекти за клучните цели на државата, поцврсти во одбраната и безбедноста, и силни институции за заштита на граѓанинот, се начелата од кои ќе се раководам- посочи претендентот за шеф на државата на движењето ЗНАМ. За приоритети ги наведе формирање специјален експертски ЕУ тим, правен тим за спроведување на меѓународното право и национална стратегија за борба против политичката корупција.
Програмата на Димитриевски е со работен наслов „Манифест за Македонија“ со слоганот „Максимум за Македонија“.
Фиљана Кока
