Избори 2024

ДИК донесе измени и дополнувања на роковниците за изборите согласно Изборниот законик

05.04.2024 16:05

Кандидатите за пратеници имаат право на само еден јавен настап во претседателската кампања. ДИК ги потсетува на измените на Изборниот законик. Донесе и законски корекции на роковниците…

Државната изборна комисија донесе одлуки за објавување на описите на избирачките места и за измена и дополнување на роковниците за изборни дејствија за претседателските и за парламентарните избори, согласно измените на Изборниот законик.

Потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху информираше дека измените се однесуваат на неколку точки од Изборниот законик. За изборите за претседател и за пратеници тоа се однесува на финансиските извештаи за донации, додека за парламентарните избори и за тоа дека од моментот на потврдување на кандидатски листи до моментот на почеток на кампањата, не смее да се трошат средства од трансакциската сметка и дека учесникот на изборите во тој период има право да организира само еден јавен настап.

Беа акредитирани и дополнителен број набљудувачи на двата вида избори на 24-ти април и 8-ми мај.