Ванковска на средба со граѓаните во Штип
Кандидатката за претседател на „Левица“, Билјана Ванковска, оставри средба со граѓани во Штип. Оттаму порача дека доколку ја добие довербата, прв чекор ќе и биде раскинувањето на Договорот за добрососедство...

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска, ќе го раскине Договорот за добрососедство со Бугарија доколку граѓаните на изборите и ја дадат довербата да ја предводи државата.
„Ова е првиот чекор за зачувување на сопствениот национален интерес и можност да си го вратиме достоинството“, вели Ванковска.
Според нејзе, досегашните практики не дале резултат. Смета дека досега се работело за задоволување само на туѓите интереси.
„Првиот чекор е раскинување на Договорот за добрососедство, барањата го надминаа договорот се преточи во француски, во преговарачка рамка, нас не нè чини ништо да постапиме по членот 13, да поднесеме нота за раскинување и да почнеме да препреговараме. Немаме проблем со народот, туку со Влада која не може да се усогласи за ништо, освен за Македонија“, изјави Ванковска.
Нејзините ставови, како што самата вели, се неизговорените зборови и желби на граѓаните. Националните прашања се нивната најголема болка, беспарицата и сиромаштијата се на второ место, оценува Ванковска. Таа додаде дека промените на глобален план ќе се почувствуваат наскоро, а вистинскиот државник тоа треба да го препознае и да го подготви сопствениот народ.
Марина Стојанова – Тонева
