Здравство

Годишно до 250 доктори заминуваат од државата

05.04.2024 17:15

Секоја година по 250 доктори заминуваат од државава. Ги демотивираат ниските плати, работното оптоварување но и недостигот на современа опрема, алармира лекарската фела. Предупредуваат, егзодусот атакува врз јавното здравство…

Доктор Караџинов е најдобриот студент од минатогодишната генерација лекари и планира да остане во земјава. Стажира во Итната медицинска помош, па ќе се запише на специјализација.

До сега надлежните не го најдоа клучот, па секоја година од 200 до 250 лекари од јавното здравство заминуваат во странство.

Повисоки плати, регионализација на здравството, подобри услови за специјализации, брзо вработување би помогнало здравствените работници да не си заминуваат.

Освен подобри услови за лекарите, потребни се подобри услови и за пациентите, реагираат од СЗО.

Од СЗО потенцираа дека надлежните мора навреме да обезбедат средства за терапија за хронични болести.

 

Наташа Јанчиќ - Менковски