Избори 2024

Јакимовски денеска изборната програма ја претстави пред гостиварчани

05.04.2024 17:29

Претседателскиот кандидат на ГРОМ Стевче Јакимовски продолжува со кампањата. Денеска оствари средба со жителите на Гостивар...

Најголемата мака е иселувањето, граѓаните останаа без деца токму поради лошите политики на досегашните владејачки гарнитура, рече претседателскиот кандидат на ГРОМ Стевчо Јакимовски по денешната средба со граѓаните на Гостивар. Причината за масовниот егзодус дополни тој е поради полтронското однесување на функционерите неводејќи сметка за својата туку за туѓите држави.

Јас сум кандидат на граѓаните а не продолжена рака на партиите, рече кандидатот од ГРОМ, Јакимовски. Тој се задржа на промената на Уставот, упатувајќи критики за предлозите на неговите противкандидати околу овој процес.

Тој кажа дека претседателските кандидати бегаат од дебати. Тоа е голем срам за демократијата. Народот мора да ги слушне нивните ставови околу суштинските прашања за државата.

 

Зоран Димовски