САД

Силен земјотрес го потресе Њујорк

05.04.2024 18:15

Земјотресот бил почувствуван во делови на Њујорк, Конектикат и Њу Џерси...

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди американската сојузна држава Њујорк, соопшти Американскиот геолошки институт. Земјотресот бил на длабочина од 10 км.

Земјотресот бил почувствуван во делови на Њујорк, Конектикат и Њу Џерси, пренесува „Њујорк пост“.

Засега нема информации за жртви и причинета материјална штета.